
На седницата одржана денеска, Извршниот одбор на општинската организација на НСДП во Охрид донел заклучок на Централниот одбор на партијата да му предложи да го исклучи од членството Митаноски.
Фракционерството како демократска вредност и придобивка е сосема легитимно во НСДП. Но, Митаноски од сопствени и лични интереси го повикува членството на НСДП на директен и индиректен начин да делува спротивно од утврдениот став за коалицирање на претстојните вонредни парламентарни избори, се вели во соопштението на претседателот на општинската организација на НСДП од Охрид, Ацо Попоски, испратено до медиумите.
ohridnews











