Во рамки на концептот „Полицијата со заедницата“, СВР Охрид и Отсекот за превенција, вчера на Градскиот пазар во Охрид, реализираa дел од кампањата – „Превенција од кражби“.
Полициските службеници, во директен контакт со граѓаните, ги запознаа со целите на кампањата. Беше поделен едукативен материјал и низ кратки разговори ги советуваа граѓаните да обратат поголемо внимание каде ги носат паричниците и другите вредни предмети додека се на пазар или на други јавни места. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Кампањата „Полицијата и заедницата“ продолжува и на плажите, паркинзите и на други места во градот и на крајбрежјето, а целта е зголемена заштита на граѓаните и туристите од сторители на кражби и тешки кражби во нивните патнички возила и домовите, подигнување на безбедносната култура на граѓаните за потребата од поголема претпазливост, градење на партнерство и јакнење на меѓусебната доверба.
OhridNews















