
Според Димоски, СВР Охрид е подготвен да одговори на предизвикот, како што тоа исклучително успешно го правел и до сега за време на одржување на големи настани во Охрид.
„Мислам дека oхридската полиција во изминатиот период, имаше извондередни можности да врши обезбедување на разни манифестации, политички случувања, но и на музички па еве сега и на спортски настани“, вели Димоски. Според него Европското првенство е уште еда можност да се покаже високата професионалност и подготвеност на полицијата безбедносно да покрива вакви настани. „Нашата служба е доволно обучена и подготвена да го покрие овај настан“, рече Димоски.












