Секторот за внатрешни работи Охрид, нема сознаија за организирано  доаѓање на странски навивачи на Европското првенство во ракомет за жени кое покрај во Скопје ќе се игра и во Охрид. До овој момент немаме добиено сознанија за евентуално пристигнување на навивачи од странство, изјави за Ohridnews, Стефан Димоски-портпарол на охридската полиција.

Според Димоски, СВР Охрид е подготвен да одговори на предизвикот, како што тоа исклучително успешно го правел и до сега за време на одржување на големи настани во Охрид.

„Мислам дека oхридската полиција во изминатиот период, имаше извондередни можности да врши обезбедување на разни манифестации, политички  случувања, но и на музички па еве сега и на спортски настани“, вели Димоски. Според него Европското првенство е уште еда можност да се покаже високата професионалност и подготвеност на полицијата безбедносно да покрива вакви настани. „Нашата служба е доволно обучена и подготвена да го покрие овај настан“, рече Димоски.

Ohridnews