Во два одвоени претреси, вчера Криминалистичката полиција при Полициските станици од Охрид и Струга, пронајде и одзеде вкупно 61.029 најразлични пиротехнички средства наменети за понатамошна продажба.

По претходно добиени наредби од Истражен Судија, во домот на А.К.(40) од Охрид, пронајдени се вкупно 30248 Петарди од најразличен вид. Најголемиот дел од нелегално поседуваните пиротехнички средства биле сокриени во подрумските простории, помал дел во станот а по неколку паковања се пронајдени во неговиот моторцикл оставен на Плоштадот „Крушевска Република„ кај Чинарот во Охрид.


Во координирана акција, струшката криминалистичка полиција, во селото Подгорци, пронајде вкупно 30781 парчиња пиротехника што нелегално ја поседувал Ј.И.((40) од селото Подгорци. Покрај петарди, во неговата гаража пронајдени се и 28 Лансери со 623  пиротехнички ракети, 160 ракети на дрвен држач со висина од 40 до 100 цм и 338 ракети со должина од 50 до 100 цм.

Во борбата против нелегалните препродавачи на пиротехнички средства, само во текот на вчерашниот ден во Охрид и Струга, пронајден е и одземен арсенал од близу 70ооо најразлични пиротехнички средства.  

Против сопствениците на објектите каде е пронајдена нелегалната пиротехника, ке бидат поднесени соодветни пријави, соопшти СВР Охрид.  

OhridNews