Публиката која доаѓа во Центарот за култура “Григор Прличев” да ги види претставите и кино проекциите станува се побројна, вели директорката на центарот, Драгана Боцевска.

Таа нагласува дека како дел од стратегијата за привлекување на што поголем број публика се и ниските цени на билетите.


За еден проект кој ќе се донесе пред охридската публика биде профитабилен, цените би требало да се многу повисоки. Но, пред се ја земаме во предвид платежната можност на граѓаните, на кои сакаме да им ја создадеме навиката почесто да доаѓаат во центарот со цел да изгледаат претстава или кино проекција. Секако, за да ги одржуваме ниските цени на билетите добиваме помош и од министерството за култура, вели Боцевска.

Најголема посетеност во последните неколку месеци во однос на кино проекциите е забележана при прикажувањето на филмот на македонскиот режисер Милчо Манчески “Мајки”, научнофантастичниот спектакл на Џејмс Камерун, филмот „Аватар” и турскиот “Долина на волците Палестина”.

– Во однос на театарските претстави особено голем интерес се забележува за детските претстави наменети за најмладите, а задоволни сме и од се поголемата посетеност на  претставите кои се дел од репертоарот на охридскиот Народен театар, нагласува Боцевска.

OhridNews