Општинската организација на СДСМ – Охрид, на седница на Извршниот одбор на партијата го дефинираше поширокиот список на кандидати за пратеници во 5-та изборна единица. Како што дознава OhridNews, на списокот се актуелниот пратеник Томе Чингоски, членот на централното раководство и раководител на општинскиот сектор за култура и обрзование Митре Велјаноски, актуелниот претседател на охридскиот огранок Науме Јованоски, секретарот на партиската организација во Охрид Ѓоко Танасоски, како и Катерина Јанческа Лазаревска, Бети Баракова, Лидија Заричин и Васко Паскали.

Оваа листа треба да биде потврдена утре на партиска конференција. Конечниот филтер и избор ќе го направи централата на партијата, која според неофицијалните најави треба да утврди четворица кандидати за пратеници од Охрид.

OhridNews