Најактуелните теми оваа туристичка сезона во Охрид, а и во Македонија, „Охридската скапотија“ и „Мостот на желбите“, како и единаесет други, меѓу кои и таа „Зошто детето не требит да ти е цариник“, ќе бидат дел од најновиот материјал што актуелниот најдобар машки стендап комичар во земјава, Никола Тодороски, ќе го изведе на шоуто „Делириум“, на 21-ви август, четврток, во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.
Никола Тодороски
Шоуто ќе биде отворено со краток настап на младиот Кристијан Танчевски, стендап комичар од Битола, потоа ќе настапи специјалниот гостин од Софија, Иван Кирков, а по него следи „ДЕЛИРИУМ“ со Никола Тодороски.
Кристијан Трајчевски
Стендап шоуто „Делириум“, во четврток во Центарот за култура во Охрид, започнува во 21 часот.
Иван Кирков
Билетите за стендап шоуто на летото во Македонија „Делириум“ по цена од 200 денари, можат да се најдат во продажба на касата на Центарот за култура, мјузик шоп „ZZ Top“ и трафиката „Фибос“ во охридската чаршија.
OhridNews