17-годишната Тања Стојановска од Тенискиот клуб Охрид учествуваше на Државното тениско првенство на Македонија за сениорки, кое се одржа во Скопје и го освои второто место.

Тања Стојановска во изминативе два месеци учествуваше и на четири ИТФ тениски турнири за млади тенисери до 18 години од цел свет, и постигна одлични резултати, стигнувајќи на три од нив до четвртфиналето во поединечна конкуренција, а на два турнири играше финале во дубл конкуренција заедно со партнерката Јована Кениќ од Србија.
Ohridnews










