Златната маска за прв пат ќе ја напушти земјава и ќе замине во светот да ја претстави богатата македонска култура, уметност, традиција, историја.

Таа и другите златни предмети пронајдени пред неколку години кај Горна порта , ќе бидат дел од експонатите на изложбата „Христијанството во Македонија“, која за два месеца ќе биде отворена во холандскиот град Утрехт. Ќе бидат претставени стотина предмети, меѓу нив и средновековните ремек-дела од галериите на икони во Охрид. Во Холандија ќе патуваат оригинали, кое се осигурани на 139 милиони евра.


Изложбата пред две годинии ја договорија министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и директорот на Музејот „Катарајнеконвент“, Хус Ван Ден Хаут и главниот куратор Саскија ван Харн.

Изложбата ќе биде отворена на 8 февруари, а ќе трае три месеци.

OhridNews