Играчот од средниот ред Далчески беше еден од најстандардните сезонава, одигра 27 меча најмногу во тимот, а постигна 2 гола. Младинскиот репрезентативец Антонио Каланоски, кој исто така е пред промена на средината, во 23 меча постигна еден погодок.
Металург сезонава обезбеди пласман во фудбалската Лига Европа, а тимот предводен од поранешниот македонски репрезентативец Ѓорѓи Христов, дел од подготовките за сезоната ќе ги спроведе во Охрид.