Неколку автобуси на еден од најголемите и најреномирани автопревозници во земјава, АД „Галеб“ Охрид, се дел од конвојот со кој македонските навивачи патуваат за Шведска на мечевите од квалификацискиот туринир во ракомет за пласман на Олимписките игри во Лондон.

АД „Галеб“ е единствениот автопревозник во охридскиот регион чии возила ги исполнуваат строгите европски критериуми и има капацитет да организира поголеми патувања во земјите од ЕУ, како што е и ова кон Шведска, информираат од компанијата.

Како што е познато, македонската машка ракометна репрезнтација од утре до недела на турнир во Шведска, ќе се обиде да обезбеди виза на Олимпијадата. Кон целта ќе ја бодрат околу 500 навивачи кои со автобуси вчера од Скопје тргнаа кон Скандинавија, но се очекува македонска фаланга да брои неколку илјади симпатизери кои во Шведска ќе допатуваат од сите краеви на Европа. За пласман на ЛОИ, Македонија ќе мора да ги мине Унгарија, Бразил и домаќинот Шведска. Виза за Лондон ќе обезбедат двете најдобро пласирани репрезентации од групата.

OhridNews