Охридската гејминг екипа ENTiTY втор пат едно по друго триумфираше на националниот натпревар во “COUNTER -STRIKE“што во рамки на Ланфест, се одржа неодамна во Скопје. ENTiTY триумфира во конкуренција на 61 екипа, со што обезбеди пласман на Светското сајбер првенство, што ќе се одржи кон крајот на годината во Јужна Кореа.  Двајца охриѓани од победничката постава, Јован Каланоски и Александар Киселинов, беа дел од екипата и во 2009 кога таа го освои регионалниот турнир “KODE5“ во Србија.


Охридски гејмери ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство во Јужна Кореа

OhridNews