Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски од нуркачкиот центар „АМФОРА“ од Охрид и професионални инструктори од нуркачкиот клуб „Тритон“ од Белград Р.Србија, за прв пат во Охридското Езеро и воопшто во Македонија, вчера, изведоа заеднички подводни активности од областа на техничкото нуркање.

Станува збор за нуркање со „ребредери“ при што се користи трокомпонентна мешавина на гасови (тримиџ).


Нуркачките апарати  и дишниот медиум кој се диши под вода овозможуваат да се нурка на екстремно големи длабочини и да се остане подолго време под вода.


Меѓународниот нуркачки инструктор Милутин Секулоски и нуркачкиот центар „АМФОРА“ од Охрид, најавуваат дека од пролет ќе почнат со курсеви за техничко нуркање за нуркачи кои ќе ги задоволат критериумите за учество на ваков курс.

OhridNews