Јавното претпријатие „Охридски комунаец“напредува во собирањето пари што му ги должат граѓаните за подигнување на отпадот. Досега е  постигната наплата од преку 80 проценти, а останатите 20 проценти физички и правни лица кои не ги имаат подмирено дологовите за ѓубретарина во континуитет се опоменуваат .

„ За жал, принудени сме да вршиме и присилна наплата, таму каде што нема ефект опоменувањето. Ова ни е дозволено со Законот за јавни претпријатија“, вели  Сашо Алчев од „Охридски комуналец“. Според него, годинава е  зголемена и наплатата кај сопствениците на викенд становите.  „Минатото лето имавме мал процент на наплата кај викенд становите, но годинава,  преку опомени и тужби успеавме да  ги добиеме парите што ни ги должат сопствениците за извршените услуги“, додава Алче.

Претпријатието се соочува и со определен процент граѓани кои живеат на работ од егзистенцијата  и кои не ги подмируваат долговите.Оттаму е покрената иницијатива, на корисниците кои примаат социјална помош, да им се одземе од  надоместокот за подмирување на јавните давачки.

Ohridnews