Реакција од јавното претпријатие „Охридски комуналец“ во врска со расфрланиот отпад и полните контејнери пред влезот на селото Велестово. Од јавното претпријатие објаснуваат дека тоа не се должи на нивна неажурност, туку на ниската еколошка свест на поединци.
– Контејнерот кој беше фотографиран беше преполн со градежен шут (остатоци од кнауф табли) депонирани во садот од некој „совесен„ граѓанин кој реновирал во својот дом. Контејнерите служат за депонирање на комунален отпад, а не за одлагање на градежен шут и кабаст отпад. Исто така сакаме да укажеме на фактот дека честа навика на граѓаните кои престојуваат во Велестово (мештани и гости) ѓубрето да го фрлаат од своите автомобили, а веројатноста ќесето со ѓубре да влезе во контејнерот е мала, па затоа сите ќесиња со отпад се расфрлани околу контејнерот. Како што е јасно видливо на една од фотографиите, до постоечкиот контејнер е поставен нов контејнер, а сеж што треба да се направи е да се подигне капакот од контејнерот, но очигледно и тоа е тешко да се направи, па ѓубрето се расфрла околу празниот контејнер, велат од “Охридски комуналец“.
Апелираат до граѓаните за поголема еко-култура и свест, со што заеднички ќе се придонесе до здрава и чиста животна средина.
Од претпријатието потенцираат дека според динамиката за работа, комуналниот отпад од Велестово се подига два пати неделно во деновите понеделник и четврток.
Преполни контејнери и расфрлано ѓубре на влезот од Велестово
OhridNews












