Од Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги информираат граѓаните и правните субјекти кои ја обавуваат својата дејност на територијата на општина Охрид, дека врши продажба на пластични канти за отпад со капацитет од 120 литри по цена од 1.200 ден.
– Отплатата на кантите може да се врши одложено на 12 рати. Износот на месечната рата ќе биде вкалкулиран во вкупниот износ на месечните сметки за подигање, транспортирање и депонирање комунален отпад и јавна чистота, по претходно регулиран Договор кој странките можат да го склучат во просториите од дирекцијата, информираат од јавното претпријатие.
OhridNews