На тема „Положбата на судиите на Балканот и нивна институционална и лична независност“ од 13-16 октомври за прв пат ќе одржи Охридски конгрес на правото 2022, во организација на студентите од Правен факултет „Јустинијан Први“ при УКИМ.

Оваа година за прв пат се одржува конгрес од ваков карактер, а на истиот ќе присуствуваат околу 150 учесници од Македонија, Хрватска, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, велат организаторите.

Најавуваат висококвалитетна програма исполнета со висококвалитетни говорници, универзитетски професори, јавни обвинители, судии, адвокати, говорници кои преку предавањата, панел дискусиите и неформални разговори ќе ги пренесат своите искуства од областа на правото, исто така програмата вклучува и дебатен турнир со парична награда за првите три освоени места и спортски активности за учесниците.

OhridNews