Вториот
круг од претседателските избори во Украина ги следат претставници на
Европската мрежа на организации за набљудување избори – ЕНЕМО, меѓу кои
е и претседатело на Младинскиот совет од Охрид, Димче Каневче.П о
посетата на Киев, Каневче замина во Черкаси, каде ќе претстојува до 9.
февруари 2010 година.

Како што е познато во вториот круг од изборите во Украина се
натпреваруваат опозиционерот Виктор Јанукович кој освои 35% од вкупните гласови во текот на првиот круг и актуелната премиерка на Украина Јулија Тимошенко, која освои 10% помалку.

Во вториот круг адути на Јанукович се стабилизација на Украина и нејзин
развој и воведување на Рускиот јазик како втор официјален јазик во
државата, додека премиерката Тимошенко како свои адути ги има ЕУ и НАТО
перспективите.

Кампањата, како што пренесува , Каневче е жестока и ја следат бројни инциденти.

– Во последните денови од страна на активистите на Јулија Тимошенко
направен е упад во печатницата во која се печатат гласачките ливчиња и
направен е обид да се промени директорот, но судот го врати на  својата
позиција поради незаконската смена. Тимошенко му понудила и висока
позиција на треторангираниот кандидат од првиот круг Тигипко, но и тој,
како и другите двајца кандидати не даваат официјална поддршка на ниту
еден кандидат во второт круг. Актуелната премиерка најавува нова
портокалова револуција доколку ги изгуби овие избори поради
нерегуларности за кои наголемо се зборува во Украина, вели Каневче.


Вжештена предизборна атмосфера во Украина

Димче Каневче за своја партнерка во оваа мисија ја има новинарката
Катерина Цаноска Арсовска и во текот на изборниот ден (недела) ѓе
присуствуваат на отворањето на едно избирачко место. Тие ќе посетат
минимум десет избирачки места, ќе присуствуваат на пребројување на
гласови на последното избирачко место кое ќе го посетат, ќе ги
транспортираат избирачките материјали и ќе имаат увид во работата на
комисијата која ќе ги пребројува гласачките ливчиња во Черкаската
област.

Ohridnews