Музичкиот спот ,,Рап Македонија”, и филмовите, ,,Турист Во Македонија” и ,,Пиратите од Карибите во Македонија” кои се креација на ученици, ќе бидат презентирани денеска во основното училиште ,,Григор Прличев” во Охрид, како дел од проектот ,,МОЈАТА ТАТКОВИНА – Република Македонија’’

Овој проект е дел од наставните активности по предметот Општество и во неговата изработка учествувале учениците од  V-3 одделение под раководство на одделенскиот наставник Славица Мојсоска.

-Идејата на овој проект  е да се примени современата технологија во секојдневната настава. Овие едукативни видеа споделени на т.н. видео агрегатор кој беше презентиран од Министерството за образование и наука, можат да бидат достапни за сите ученици во Македонија и за сите ученици кои ќе имаат пристап до видео агрегаторот. Бенефитите од видео агрегаторот, се брза и ефикасна и прецизна достапност, олеснување во изучување на материјалот за учениците и олеснување на начинот за предавање на лекциите за наставниците, велат од училиштето ,,Григор Прличев”.

OhridNews