Охрид изобилува со вода, ама изгледа лошо е распоредена. Неа деновиве ја има каде што не треба, а ја нема каде што треба. Обилните врнежи од дожд на површина уште еднаш ги извадија децениските проблеми со одведување на атмосферската вода. Вода синоќа бликаше од шахтите, а дел од градските сообраќајници повеќе личеа на реки отколку на улици.


И додека дождовницата создава проблеми по улиците, питката вода ја нема во домовите. Поради дефекти често дел од охридските населби остануваат без вода. Така ќе биде и денеска кога поради интервенција на водоводната линија, во периодот од 9 до 12 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на улиците: Кочо Рацин, дел од Григор Прличев, дел од Кузман Капидан и Браќа Миладинови.

OhridNews