На покана на Општина Бургас, Друштвото „Бугарски писател“, народните читалишта „Љубен Каравелов 1940“ и „Асен Златаров“, како и издавачката куќа „Балтика 2002“, од 4 до 7 ноември во Бугарија престојуваа четворица охридски писатели.
охридските писатели во разговор со своите колеги во Бургас
Тоде Илиевски, Зоран Јакимоски, Лидија Размоска и Мишо Јузмески првото претставување пред бугарската читателска публика го имаа во четвртокот, во уметничката галерија „Петко Задгорски“ во Бургас. Овде гостите беа претставени од своите бугарски колеги: поетесата Милка Стојанова зборуваше за Тоде Илиевски; прозаистот Атанас Радојнов зборуваше за својот колега Мишо Јузмески; за поезијата на Зоран Јакимоски зборуваше поетесата Бина Калс, а Роза Бојанова го претстави најмладиот член на македонската делегација, поетесата Лидија Размоска. На средбата македонските писатели се претставија со дел од своето творештво.
поетесата Роза Бојанова зборува пред публиката во Поморие
Македонските писатели го посетија и соседниот град Поморие, на покана на Општина Поморие и Народно читалиште „Светлина-1939“, кои организираа средба со помориската читателска публика. За време на посетата, гостите ги посетија Регионалната библиотека „Пејо К. Јаворов“ во Бургас, Музејот на солта во Поморие, како и спомениците на писателите во Морската градина во Бургас.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ Охрид организира бесплатни часови по англиски јазик за возрасни лица ниво А1 и погоре Часовите, посочуваат од Библиотеката, ќе се одвиваат со забавни и интерактивни а...
Здружението за екологија и туризам „Екотуризам 2016“ заедно со иницијативата „Збогум Буково“- Охрид организираат панел дискусија на тема „Диви депонии во општина Охрид – состојба и предлог ре...
ТАВ Македонија, подружница на ТАВ Аеродроми и Групацијата АДП, продолжува да ја зајакнува воздушната поврзаност од двата македонски аеродроми Меѓународниот аеродром Скопје и аеродромот Св Апостол П...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.