Полицаец од охридската Полициска станица „ заработи “ отказ од работно место затоа што неоправдано изостанал во текот на три последователни работни дена.
Охридскиот полицаец е еден од вкупно 32 вработени во министерството за внатрешни работи против кои во текот на минатата недела е спроведена дисциплинска постапка, поради сторени повреди во работењето.
На дваесет и еден вработен им е изречена мерка “парична казна“, на еден вработен мерка – “распоредување два степена пониско “, на четири вработени мерка – “отказ”, на пет вработени мерка- “писмено предупредување” и на еден вработен мерка – “запирање на постапка”.
OhridNews