Како што наведуваат организаторите на дебатата, таа се организира поради постојаното занемарување и недостатокот од дијалог на турците со институциите, помеѓу институците на турците и припадниците на турската заедница во Македонија.
– Сметаме дека доколку се отстранат предрасудите ќе се видат вистинските состојби и проблеми на турската заедница. Со овие панели сакаме да се воспостави дијалог, да се отвори дебата и да завладејат правилата на демократијата во меѓусебната комуникација. Сметаме дека сите етнички заедници во Македонија би требало да имаат знаење за состојбите и проблемите на турската заедница. Во однос на правичната застапеност на турците може да се види дека во администрацијата се направени голем број неправди кон оваа заедница. И во извештајите на ЕУ можеше да се види дека после ромската заедница, најголема неправда по оваа основа и е нанесена на турската заедница во Македонија, велат организаторите на дебатата.
На дебатаат ќе учествуваат и преставници од политички партии на македонската и албанската заедница, преставници и од другите заедници во Македонија, дипломати, академици, новинари и претставници на невладини организации.
Организатор на настанот е невладината организација УФУК – Здружение на граѓани Карабегово Маало – Охрид.