Од година во година празникот Водици во Охрид привлекува се поголем број верници, но и гости. Манифестацијата  – симбол на традицијата и верата која силно извира од балканскиот Ерусалим и годинава мина во величенствена атмосфера, која за момент беше нарушена при чинот на фрлање на чесниот крст во осветените езерски води.

За сомнежите и дилемите, органзиацијата, за обичаите и зачувувањето на традицијата, во новото издание на „Охридски разговори“ од различен агол и отворено говорат директните актери, ветераните на Водици, почитувачите на традицијата и хроничарите кои со децении ги бележат историските моменти.