Во рамки на проектот “Me Doctor” од Ерасмус + програмата, кој овозможува мобилност на учениците и наставниот кадар, средношколците од охридското стручно училиште СОСУ ”Св. Кирил и Методиј” се во посета на Универзитетската болница „Александровска“ во Софија, Бугарија. Учениците имаат можност да поминат 21 ден на практична обука во една од врвните универзитетски болници во Бугарија, се вбројува во најстарите, основана во далечната 1879 год.

Учениците се запознаа со системот на организација и работа на УМБАЛ “Александровска”, а потоа беа распоредени во помали групи низ кабинетите и клиничките оддели на болницата и тоа во следните оддели: кабинетите за регистратура, ехокардиографија, интерни заболувања, лабораторија, ОРЛ, кабинетот по ендокринологија, понатака во клиниките за нефрологија, кардиологија, урологија, неврологија, хирургија и очни болести.

Учениците ќе ги посети и градоначалникот на општина Охрид, Јован Стојаноски кој во рамки на посетата ќе оствари средба со директорот на болницата и со градоначалничката на Софија, Јорданка Фандкова. На средбата ќе се разговара за реализација на заеднички проекти од повеќе области кои што се во интерес на двете општини.

OhridNews