На 28 септември, во организација на Центарот за култура „Григор Прличев“, по 24 пат ќе се оддржат  „Охридските староградски средби“.

Предвидено е да настапат состави од неколку градови од земјава. Од Охрид ќе се претстават хорот при центарот „Григор Прличев“, „Распеани охриѓанки“ и ансамблот „Билјана Јуниор“.

Како посебна атракција се најавува настапот на учениците од Државниот музичко- балетски училишен центар во Скопје, „Илија Николовски- Луј“, кои со специјално подготвена кореографија и костими ќе изведат староградски охридски песни создадени во 18 и 19 век.

„Охридските староградски средби“ по неколку годишна пауза беа возобновени во 2008 година, а се оддржуваат со поддршка од министерството за култура.

На годинешното, најново издание на средбите се очекува да земат учество над 200 изведувачи.

OhridNews