Ученичките Александра Стевоска од 4-одделение и Вероника Николоска од 6-одделение, го претставувале училиштето „Кочо Рацин“ од Охрид на 7-та Детска ликовна колонија „Чашка 2014“ која се одржала од 17-ти до 20-ти јуни во Папрадиште, Велешко.
-Учениците со голема љубов радост и сликале своите дела инспирирани од архитектурата во селото. Тие твореле и создавале нови дела со помош на менторот Љубица Чифлигароска. На 20-ти јуни било прогласувањето на наградените творби меѓу кои се најде како третонаградена и нашата ученичката Александра Стевоска како најмлад учесник со 9 години, информираат од ОУ „Кочо Рацин“.
Од таму информираат дека наставничката Чифлигароска едно од од делата кои биле изработени на колонијата и подарила на општината Чашка, а другите дела ќе бидат подарени на спонзорите кои масовно учествуваа во помагањето на колонијата.
OhridNews