Реконструкцијата на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид е во полн ек. Во моментов се работи на проширување на паркинг просторот за моторни возила, а се гради и ВИП објект помеѓу административната зграда и терминмалот. Овој објект ќе биде наменет исклучиво за ВИП патници кои ќе го користат охридскиот аеродром.


Охридскиот аеродром по модернизацијата очекува ВИП патници

Модернизацијата на аеродромот во Охрид опфаќа  и реконструкција на пристанишната платформа каде се паркираат авионите, а во тек е и преуредување на административната зграда.

OhridNews