Како што информираат од ТАВ, охридскиот аеродром, на кој за денес не се закажани летови, се чисти од снегот со цел да може во секој момент да ги прими летовите кои евентуално, поради лошите временски услови, би се пренасочиле од скопскиот аеродром.
Аеродромот во Скопје „Александар Велики“ е отворен, а полетувањата и слетувањата се одвиваат со доцнења до половина час.