Охриѓаенцот Димитри Димитров од Алпинистички Клуб „Патагонија“ од Охрид заедно со  уште двајца членови на Алпинистичкиот Клуб „Матка“ од Скопје, успешно ја завршија мисијата наречена „Малтатал – Австрија“.

За време на петдневната возбудлива акција по долината на реката Малта која тече низ централно-источните Алпи во Австрија, македонските алпинисти освоија повеќе вертикални карпи во зимски услови високи и до 350 метри.

Акцијата,  Малтатал – Bake Rolls2013, започна во 5 часот утрото на 10-ти февруари од Скопје за Австрија.  Оваа акција го доби oва име, затоа што за време на целото патешествие од  10 часа, единствено нешто кое беше дел од нашето дневното мени, беа неколку паковки со различни вкусови на овој производ и неколку тетрапак сокови.“ – вели Димитров.

Нивните возбудувања започнуваат со самото пристигнување во објектот каде што се сместени, „Хаус Хофер“.

Уште  несместени, донесовме одлука да одиме до првата насока која требаше да ја качуваме наредниот ден, но и да ја провериме состојбата на мразот на другите насоки. Договорот за тоа кој ќе биде распоредот на качување, го подготвивме додека патувавме, како би заштедиле од времето за одмор и качување.“ – потенцира охридскиот алпинист Димитров.

Прва насока која македонските алпинисти ја искачиле била  левата варијанта (вертикали) на Stannenbach. Според Димитров, таа претставува една од подолгите и поубавите во целиот локалитет.

Долга, со сигурно обезбедени (сидришта) на секој 25м, која нуди можност за  ‘‘билдање на километражата‘‘. Оваа насока како и сите други, ја качувавме во тројка. Вториот работен ден  се договоривме да биде Aluhol, насока со северна експониранот во која може добро да ги проверите и усовршите техниките за качување во мраз. Третата насока која ја качувавме беше мразот на Маралмфалл, кој понуди квалитетно и долго качување со неколку варијанти на насокитe. Тој ден, вечно ќе го паметам како еден од најстудените во мојот живот.“ – информира Димитров.

Послените два дена од акцијата, алпинистите ја искачувале десната варијанта на Stannenbach, односно Columbos. Димитров истанува дека акцијата  успешно била комплетирана во целост.

За време на качувањето, успешно ги решававме проблемите, поради должината на нашите јажиња. Тука морам да напоменам дека овој локалитет, пожелно е да се качува со 60м Bicolor јажиња, а не со 50м какви што беа нашите. Сепак и со тие проблеми успешно се справивме благодарение на организираноста и ажурноста на секој поединечно. За последниот ден, планирана беше насоката Columbos. По двочасовно качување, нашите раце беа тотално заморени. Мора да ја споменам и водата, која буквално се цедеше од мразот на нас. По краток договор помеѓу сите нас, одлучивме ова наше качување во Малтатал да го доживее и својот крај.“ – вели Димитри Димитров.

Македонските алпинисти истакнаа дека качувањата се повеќе од успешни, имајќи го предвид фактот дека оваа е само втора акција на македонски алпинисти од ваков карактер досега.  Во периодот кој претстoи, тие најавија фото и видео презентација за aкцијата  Малтатал – Bake Rolls 2013.

Инаку, во акцијата учествуваа: Крунослав Аџиевски – А. К. Матка- Скопје, Виктор Трпевски – А. К. Матка – Скопје и Димитри Димитров – А. К. Патагонија – Охрид. Оваа акција е дел од програмата за работа на Македонската Алпинистичка Федерација за 2013 година.

OhridNews