Охридскиот боксер, Арсим Етеми од боксерскиот клуб “Алексо Огненовски” како дел од Македонската боксерска репрезентација во периодот од 24 октомври до 4 ноември, ќе биде учесник на светското првенство кое ќе се одржи во Белград, соседна Србија.
Арсим со тренерот Цекиќ успешно го завршија подготвителниот период и сега со нетрпение го очекуваат почетокот на првенството и се надеваат на успешен настап.
Мотивацијата за остварување на добар резултат кај Арсим е на највисоко ниво имајќи го во предвид фактот што Охриѓани за прв пат во историјата земаат учество на ваков голем настан,т.е светско првенство – истакнува тренерот Цекиќ.

На првенството учество ќе земат 650 боксери во 13 тежински категории од 105 земји во светот меѓу кои голем број на олимписки, светски и европски прваци.
OhridNews












