Охридскиот Бреинобреин Центар при Црвен крст Охрид се приклучува кон светската кампања и одбележување на 20 годишниот јубилеј на Бреинобреин програмата. За таа цел под мотото „За позитивно ментално здравје кај децата“ организира Бреионобреин прошетка со причина на 11 јуни, недела, со старт во 10 ч. од Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“ Охрид, до мостот кај Билјанини извори.

Ги покануваме сите досегашни Бреинобреин генијалци, родителите и сите оние кои се грижат за своето позитивно ментално здравје, да ни се придружат со своите деца во пешачење со причина и одмор од електронските уреди, велат од Црвен крст Охрид.

Потенцираат дека Бреинобреин програмата успешно се спроведува веќе 13 години во Центарот за развивање на животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид, како прв ваков центар на Балканот.

Високата професионалност и искрена посветеност на нашите тренери, упорноста на децата кои ја следеле и ја следат оваа програма, како и поддршката на нивните родители придонесе нашиот центар да биде еден од најдобрите во светски рамки. Изразуваме голема благодарност до сите оние кои ни ја укажале довербата и овозможиле, во овие 13 години работа, преку 100 деца да ги завршат сите десет нивоа од оваа програма и кои како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и поефикасно општествено живеење и делување, додаваат од Црвен крст Охрид.

Инаку, во јуни 2003 година во Ченаи, Индија, започна со работа БРЕИНОБРЕИН – првата Светска Академија за развивање на животни вештини и едукација кај деца од 4-14 годишна возраст.

OhridNews