Светски познатиот охридски џез-музичар Владимир Четкар, неоддамна потпиша ексклузивен договор за дистрибуција и промоција во Јапонија.
Неговиот нов албум насловен како „Heavenly“ заедно со материјалите од предходниот, „We will never end“, се најде како ексклузивно јапонско издание во сите големи и мали продавници ширум оваа земја.
Медиумите во Јапонија меѓу кој и најпопуларната радио станица „Inter FM 76.1 TOKYO“, албумот „Heavenly“ го прогласија за „ремек-дело“ кое во моментов се најде како број 1 препорачан избор на станиците за слушање низ продавниците што е вистинска реткост и привилегија.
Пред само неколку дена светски прочуениот француски ди џеј-продуцент „Димитри Фром Париз“, во своето ексклузивно интервју за „Inter FM 76.1 TOKYO“ лично ги промовираше новите материјали на Четкар.
Покрај физичката дистрибуција, албумот „Heavenly“ се продава и дигитално преку јапонските iTunes, eBay, Amazon и сите други позначајни дигитални продавници во Јапонија.
Наскоро за новогодишните празници, Четкар ќе го промовира својот видео-запис за „Heavenly“, каде како гостин се појавува и „Димитри Фром Париз“.
OhridNews