Охридскиот фотограф Миле Илоски, деновиве во просториите на НУУБ „Св. Климент Охридски“ во Битола ја имаше својата прва самостојна изложба, насловена како „Природата и животните низ фокусот на чудините доживувања на фотографот Миле Илоски“.

Љубителите на фотографијата имаа одлична можност да се запознаат со квалитетите на нашиот сограѓанин, преку 33-те изложени фотографии.

Изложбата беше  дел од Бит Фест 2013, што од 19-ти до 24-ти овој месец се оддржа во Битола. Претходно сум имал уште една групна изложба, која беше резултат на фото конкурсот на тема „Јас и климатските промени” организиран од Милиеуконтакт во соработка со УСАИД, на кој што една од моите фотографии беше и наградена.“ – вели Илоски.

Инаку 25-годишниот охриѓанец е дипломиран археолог, а професионално со фотографија се занимава веќе 3 години.

О.Т.