Минатото коло “рибарите“ не отпатуваа на гостувањето ка Локомотива во Скопје, а за тоа не наведоа соодветна причина и не ја известија Фудбалската федерација на Македонија. Натпреварот беше регистриран со службени 3-0 за “локосите“, а охриѓани добија предупредувачки жолт картон.
Со непојавувањето на теренот на дуелот со Скопје во 26-та рунда охриѓани го заработија вториот жолт картон, автоматски црвен и преселување во најнискиот ранг односно Општинската лига.
Што се однесува до мечот “пиратите“ на полувремето заминаа со убедлива предност од 4-0, а така ќе биде регистриран и мечот во Охрид, кој не го дочека својот крај.
Прв мрежата ја начна Дурански во 7-та, а предноста ја зголеми Даневски во 14-та минута. Јашаровски со два погодоци донесе предност од 4-0, а вториот во Охрид воопшто не се одигра.
Скопјани прволигашкиот тест ќе го имаат во вторник кога на домашен терен го пречекуваат тимот на Еуромилк додека охриѓани следната година нема да уживаат во магијата од фудбалот.