Охридскиот фудбал е во хибернација. Фудбалерите на двата охридски лигаши веќе неколку дена не ги извршуваат редновните тренизи поради неисплатени плати и премии.


Фудбалерите на Охрид 2004, по втор пат во десетина дена се одлучија на непопуларната мерка штрајк, но како што тие велат, за нив нема друг избор.

Неизвесно е и во Охрид Лоте, каде исто така фудбалерите по одигрувањето на пријателската средба со Охрид, се одлучија да не тренираат.

Каква ќе биде разврската, дали и како двата клуба ќе ги продолжат натпреварите во своите првенства ќе биде познато деновиве.

Охрид 2004 му гостува на Работнички, додека Охрид Лоте на домашен терен го пречекува Осогово.

OhridNews