На Античкиот театар денес ќе се одржи втората фестивалска вечер од традционалниот музички фестивал „Балкански Музички Плоштад“.

Втората фестивалска вечер, е посветена на македонски артисти. Најпрвин ќе настапи охридскиот гитарски виртуоз Дамјан Пејчиновски, а веднаш по него целовечерен концерт ќе одржи Елена Ристеска придружувана од тамбурашкиот оркестар “Ѓезме” од Куманово.


Охриѓанецот Дамјан Пејчиновски има само  26 години, а веќе преку интернационалниот натпревар ‘’’Гуитар Идол’’  му докажа на светот дека во малата Македонија постојат гитарски виртуози кои можат раноправно да стојат на сцената со големите светски имиња.

Има завршено постдипломски музички студии во Софија и стипендист е на Гитаркиот Институт на Лос Анџелес .Тој е едно од заштитините лица на светски познатата фирма за гитари  ’’ПРС’’. Дамјан е  добитник  на престижни награди на многубројни светски гитарски натпревари. Признаени експерти  ширум светот на овој гитарски виртуоз  му предвидуваат блескава музичка кариера.

OhridNews