Во склоп на програмата за одигрување на пријателски натпревари,фудбалската школа “Јуниор 10“ одигра пријателски меч во Прилеп со фудбалската школа “Талент“ на поранешниот фудбалер Дарко Крстевски.
Охриѓани во двата меча во катогриите до 10 години, и 10-12 години, беа поуспешни од своите врсници. Во првиот меч победија со 6-2, додека во вториот славеа со 7-3.
– Патувањето го искористивме и отидовме во Крушево во посета на музејот на Тоше Проески, а децата беа воодуешевни од тоа што го видеа – рече Ристоски Благоја еден од тренерите во школата.
Во наредниот период поради влошувањето на временските услови фудбалската школа “Јуниор 10“ своите тренинзи ќе ги продолжи во спортската сала.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com