Д-р Дејан Манчевски, раководител на Одделот за перкутани артериски инвазивни процедури во ЈЗУ Специјализирана болница „Св. Стефан“ – Охрид ја претстави болницата на еден од најпрестижните светски конгреси за интервентна кардиоваскуларна медицина – TCT 2026 (Transcatheter Cardiovascular Therapeutics), кој се одржува во Сан Диего, САД.

Пред светската елита од област на интервентна кардиологија д-р Манчевски го претстави сложениот случај на напредна периферна васкуларна интервенција под наслов: „Stentless BTK Revascularization of a TPT CTO in Rutherford 5 CLTI Using SPUR™ RST and DCB“.

​Станува збор за комплексна процедура за реваскуларизација на крвните садови на долните екстремитети, со примена на современа SPUR™ RST технологија и балон со лек-облога, со цел воспоставување на крвотокот и зачувување на екстремитетот кај пациенти со тешка хронична исхемија.

​Учеството на овој светски конгрес претставува исклучително признание за професионалноста на д-р Манчевски, но и за нивото на кое се практикува кардиологијата во болницата „Св. Стефан“.

​Овој успех е потврда за нашата посветеност континуирано да ги следиме и применуваме најновите светски медицински трендови. Се надеваме дека нашата амбиција да одиме во чекор со светската медицина и понатаму ќе ја ужива поддршката од здравствените власти, бидејќи успехот на еден доктор е успех на целиот тим, а најголема придобивка од тоа имаат нашите пациенти, истакнуваат од болницата

OhridNews