Во просторијата која се наоѓа непосредно до Информативниот центар на Охридската локална самоуправа, ќе бидат сместени шалтерите за прием на странки.
-Оваа просторија, претходно ја користеше Подрачната единица на Министертвото за правда, но по наше барање сега ни е отстапена нам. Градежните работи околу уредувањето на просторијата се во тек и според планираното, во неа ќе биде префрлен приемниот оддел на катастарот, кое во идина ќе функционира со вкупно шест шалтери. Шалтерите ќе бидат современо уредени и опремени и со нив граѓаните ќе добиваат подобра услуга од страна на катастарските службеници , информираше Симо Костојчиновски, в.д Раководител на Подрачното одделение на Агенцијата за катастар на недвижности во Охрид.
Тој појасни дека шалтерската служба на катастарот во моментов функционира со три шалтери за прием и издавање на документи, кои се сместени во мала просторија, па граѓаните кои имаат потреба, долго чекаат на ред, додека пак службениците кои работат на шалтерите имаат несоодветни услови за извршување на работните активности.
Освен просторното проширување и посовремените услови за работа, шалтерската служба на катастарот ќе има и директен влез од предната страна на објектот, кој веќе е опремен со пристапна патека и скали.