– Прво да им честитам на охридските риболовци за победата и одличната организација. Имам само пофални зборови за домаќинот и организацијата и веќе водиме разговори да го сврстиме Охрид во нашата лига, во која учествуваат сите клубови од Македонија. Ќе бидам искрен не очекував ваква масовност на турнирот, но ете кога сите коцки ќе се склопат како што треба ние како федерација и Охрид како град доби риболовен турнир за респект – рече претседателот на Риболовната федерација на Македонија, Васил Костов.
Второпласирани во екипна конкуренција завршија спортските риболовци од „Барбус Фиш“ од Битола додека третото место го освои „Кркушка“ од Велес. Во поединечна конкуренција триумфираше прилепчанецот Блаже Николовски, веднаш зад него беше Зоран Митевски од Куманово, а тројката ја комплетираше охриѓанецот Славко Наумоски.
– Како домаќини на овој настан ветуваме дека тој ќе прерасне во традиција и ќе стане заштитен знак на Охрид. Како концесионери на Охридското Езеро ќе ја отвориме нашата врата за секој клуб од Македонија. Купот помина во фер натпреварување за наша голема радост победи нашиот риболовен тим што го направи задоволостовото поголемо – изјави Ристе Танасоски од „Патрмка 2012“.
Свој претставник на свечената церомонија на доделување на трофеите имаше и локалната самоуправа во советникот Сашо Донев, кој порача дека општината ќе направи се и ќе помогне овој турнир во иднина да прерасне во меѓународен.