” Деволски ракопис е новиот роман на охридскиот писател и новинар  Благоја Силјаноски што беше промовиран денеска во  Библиотеката “Григор Причев”.

“Новиот роман ја следи даровитоста на авторот од сопствената меморија да направи општоприфатливо литературно чувство”, рече промоторот доктор Васил Тоциновски. Благоја Силјаноски, истакна промоторот, не е само наратор кој раскажува, туку автор кој донесува заклучоци.

Силјаноски на промоцијата рече дека неговите романи се инспирирани од животот и луѓето, и оти тоа го смета за личен придонес.
“Деволски  ракопис ” е инспириран од  посетите на  Силјаноски во  дел од Јужна Албанија.

Инаку ова е деветти роман на авторот  во кој се пишува за реалните животни приказни. Зад него останува и неговата стручна книга со наслов “Медиумска промоција”.

Ohridnews