Вчера во култниот охридски клуб „Џез-ин“, охриѓани имаа можност да уживаат со илузијата и магијата на нашиот сограѓанин Филип Петрески.

Охридскиот уметник на бројните присутни им ги претстави своите нови трикови и вештини, а за скоро време најави повторен настап со новиот материјал.

Презадоволен и преуморен во ова саботно утро, се надевам дека присутните добро си поминаа и дека успеав да ви ги тргнам мислите, барем накратко, од секојдневието и проблемите.“ – вели Петрески.

Инаку, овој млад ентузијаст, веќе 5 години сериозно се занимава со ова необично „хоби“, а зад себе има бројни настапи ширум клубовите во земјава.

О.Т..