Во финалето покрај охридскиот тим ќе учествуваат екипи од Скопје, Велес, Куманово, Битола, Кавадарци и Струмица. “Мапет шоу“ кои го сочинуваат (Дејан Вељаноски, Петар Бојоски, Никола Танаскоски и Ѓорѓи Здравевски) се оптимисти пред денешниот настап.
– Заслужено одиме во Скопје како победници од Охрид, оптимисти сме и ќе направиме се да го преставиме нашиот град во добро светло. Очекуваме пласман во големото финале на “street ball“ турнирот, па таму што биде нека биде – вели капитенот на тимот, Ѓорѓи Здравевски.
На финалниот натпревар кој се игра во спортската арена “Борис Трајковски“ учесниците ќе имаат можност да се дружат со репрезентативците кои се подготвуваат за Европското првенство во Литванија.