Охридскиот режисер и музички продуцент, Даниел Јовески, се закити со награда за најдобро музичко видео на „Zhurma Show Awards 2014“ во Косово.

Се работи за видео-запис за темата „Me Fal“ на албанската легендарна група  „Elita 5“, кој Јовески го режира, снима и комплетно испродуцира.

Во спотот кој наликува на краток филм се појавуваат охриѓанката Сања Трајческа и познатиот охридски музичар, Петар Маркоски.

Исто така, Јовески пред неколку месеци на реномираниот натпревар за видео-записи во Албанија, „Netet e Klipit Shiptar 2014“, се закити со награда за дуетот „Ditari“ на Vullnet Ibraimi и Redon Makashi.

OhridNews