Народниот театар од Охрид вечерва гостува во Гевгелија, каде ќе ја изведе претставата „Ај да си речиме уште една“.

Ај да си речиме уште една”, е авторско
дело на режисерот Андреј Цветановски, и зборува за творештвото на еден
народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и
доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и
навиките на еден народ.

Улогите во претставта ги толкуваат:
Горан Стојаноски, Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски, Стрезо
Стаматовски, Адријана Билаловиќ, Ивица Цонев, Билјана Билаловиќ и Игор
Георгиев. Костимите се на Кристина Мукоска-Затуроска, светло Зоран
Левески, тон Филип Ангеличин Жура.

OhridNews