Народниот театар Охрид, вечерва, 27-ми октомври, во центарот за култура „Григор Прличев“, ќе ја изведе претставата “Ај да си речиме уште една”. Актерите претставата ќе ја посветат на режисерот Владо Цветановски, кој почина деновиве.
Проштални зборови за професорот Владо Цветановски кој важеше за голем пријател на Охридскиот народен театар, ќе упатат актерите Горан Стојаноски и Игор Георгиев.
Режисер на претставата „Ај да си речиме уште една“ е Андреј Цветановски, син на Владо Цветановски.
Претставата започнува во 20 часот, а влезот чини 100 денари.