Охридскиот “Нов театар“ освои втора награда на фестивалот во Љубљана
25.09.09 12:30
„Нов театар“ од Охрид и „Мал драмски театар“ од Битола ја освоија втората награда на еден од најпрестижните театарски фестивали во Европа „ EXPONTO“, што деновиве се одржа во Љубљана – Словенија.
Охридскиот нов и битолскиот мал театар на фестивалот ги изведоа претставите: „Граница“ од Венко Андоновски и „Валкани приказни“ во режија на Софија Ристевска. На овој фестивал претставите ги оценува публиката, а нашите театри во конкуренција на 13 претстави од цела Европа го освоија второто место.
– Ова е само доказ дека професионалните актери од Охрид и нивните претстави имаат Европски квалитет. Ова нека биде само мало потсетување дека високо квалитетната уметност и култура е вистинскиот амбасадор на Охрид и Македонија, изјави за „Ohridnews“, режисерот и актер Горан Стојаноски од „Нов театар“ – Охрид.
Охридскиот “Нов театар“ освои втора награда на фестивалот во Љубљана
Стојаноски ги критикува состојбите во културата во нашиот град, каде според него недоволно се цени уметничкиoт квалитет. Според него, слепилото поради кое не можат да се препознаат вистинските вредности во уметноста и културата, е главната причина што Охрид на театарски план хибернира.
– Овие вредности и квалитет кои Европа ги бара и ги препознава кај нас не само што не се стимулираат туку и се маргинализираат. Она што овде е на маргините во Европа високо се вреднува. Овде се поставува логично прашање кој има потреба од Европа? Ние или Европа? Кој треба да се менува? Кој треба да промовира и стимулира вистински вредности и квалитет? Кој треба да прави трансформации? Кој треба да стави европски наочари за да види дека можеби богатството му е во неговиот двор и дека од тука почнува нашата Европа?, прашува Стојаноски, нагласувајќи дека европските вредности можат да се достигнат само со луѓе и творци кои се вистински посветени на својата работа.
Музичката програма на „Охридско лето“ вчеравечер продолжи со солистички концерт на светски познатиот виртуоз на пијано, Михаил Плетњов Во катедралната црква „Света Софија“ пред бројната публика Пле...
Српскиот машки хор „Свети Серафим Саровски“ од Зрењанин вчеравечер беше посебно доживување за публиката на „Охридско лето“ во рамките на традиционалната Српска вечер на фестивалот Кристалната чисто...
Дијана Петрова е автор на расказот „Мизенабим” под шифра: „Кибела” кој беше избран за најдобар на годинешниот конкурс „Живко Чинго“, соопшти Општина Охрид Дијана Петрова е родена во 1992 година во ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.