Поради тоа што сопственоста на земјиштето, каде што се наоѓа охридскиот пазар е се уште, во државна сопственост, ЈП “Охридски Комуналец”, не може да превземе никакви градежни активности, за да им обезбеди услови на пазарџиите, за спроведување на ХАСАП-стандардите.


-Ние имаме изготвено техничка документација и елаборат за изградба на соодветни простории за чување на прехрамбените производи,  кои се продаваат на пазарот, но не можеме да започнеме со реализацијата, затоа што нашето претпријатие сеуште не е сопственик, односно сеуште не стопанисува со земјиштето кај пазарот. Поради тоа не може да се обезбеди градежна дозвола, за било каков инфраструктурен  проект на пазарот. -вели Сашо Алче, директор на ЈП “Охридски Комуналец”.


Тој нагласува дека уште пред да се спроведе овој закон тие како одоворни за  пазарот, реагирале до надлежните инстиуции, за  да го одложат рокот за спроведувањето на истиот.

-Уште кога беше најавено спроведувањето на ХАСАП стандардите за сите производители и трговци со храна од животиниско потекло, ние испративме писмен допис  и остваривме неколку средби со претставници на ветринарната управа, од кои побаравме спроведувањето на ХАСАП стандардот да биде одлоложен до 2011 година. До тогаш се надеваме дека, Општина Охрид ќе влезе во следната фаза на децентрализација, со која што во нејзина сопстевност ќе прејде поголемиот дел од државното земјиште. Со тоа и земјиштето на кое што се наоѓа пазарот, ќе прејде во наша сопственост, па тогаш ќе може да добиеме градежна дозвола, за да ги реализираме планираните  измени на пазарот, кој ќе ги задоволат условите на ХАСАП.-објаснува Алче.


Според најавите на  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство,  продавачите на јајца, мелеко, млечни производи и мед, имаат рок од 3 месеци, односно заклучно со март, треба започнат со имплементација на ХАСАП стандардите. Од таму објаснуваат  дека ова е период на адаптација и дека нема да се изрекуваат казни, туку само опомени за забрзување на спроведувањето на ХАСАП-от. Тие нагласуваат дека состојбата е иста  во сите  пазари во Македонија,  и потсетуваат дека за несоодветна продажба на производи од животинско потекло, се предвидуваат многу високи казни.


Предуслови за воведувањето на ХАСАП системот е воведувањето на добрата хигиенска пракса и добрата производна пракса кои се неопходни за безбедност на храната. Покрај тоа што овој стандард треба да биде воведен во сите производни капацитети за храна, тој е обврзувачки и за сите субјекти кои вршат промет со храна.

Е.Е.